Ципрас бара од Меркел забрзување на процедурите за одобрување помош за Грција

Грчкиот премиер Алексис Ципрас побара од германската канцеларка Ангела Меркел да се ангажира околу забрзување на процедурите за одобрување финансиска помош за Грција, соопшти денеска грчки владин извор.

Според изворот, средбата меѓу Ципрас и Меркел во Брисел траела околу два часа и поминала во „конструктивна и позитивна атмосфера“.

За време на средбата двајцата соговорници се осврнале на напредокот, кој бил постигнат досега од претходната средба во Берлин.

Ципрас побарал забрзување на процедурите, со цел да почне спроведување на договорот потпишан на 20 февруари меѓу Грција и меѓународните кредитори, што предвидува и склучување зделка до крајот на овој месец

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега