Презентација на македонските туристички потенцијали во Австрија

Агенцијата за промоција и подршка на туризмот (АППТРМ) во рамки на бизнис настанот „Вечер со експерти“ во Австрија, ќе ги презентира туристичките потенцијали на Македонија, атрактивните туристички продукти и дестинации, висината и начинот на субвенционирање за организиран странски туристички промет и можностите за инвестирање во туристичко развојните зони.

Презентациите ќе бидат во Салзбург, Грац, Инзбрук и Линц пред повеќе од 300 тур-оператори.

Агенцијата ја претставува делегација преводена од директорот Кристијан Џамбазовски.

- Ова е начин преку директен контакт со тур-оператори и професионалци од туристичкото стопанство на Австрија за презентирање и запознавање со  македонскиот туристички производ и македонските потенцијали, а со цел отворање нови пазари и зголемување на австриските туристи во Македонија, ссопшти Агенцијата. 

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега