Сите информации на едно место - „Купи куќа, купи стан“ утре во Битола

Во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“ Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании утре во 17 часот во Битола ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и куќи.

Настанот ќе се одржи во Центарот за култура (мала сала). Од Министерството апелираат до сите заинтересирани граѓани за проектот да дојдат на презентацијата.

Карванот „Купи куќа, купи стан“ секоја недела продолжува во друг град, следни се Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово. 

 

 

 

Оцени ја веста

22.04.2015 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега