Тетовчанец нападнат додека се враќал од работа
31-годишен тетовчанец си заработи кривична пријава поради разбојништво.
Се работи за 31-годишниот Љ.И. од Тетово кој утринава околу 5 часот на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово нападнал сограѓанин.
Тетовчанецот го нападнал 23-годишниот Х.Ѓ. кој во моментот се враќал од работа заедно со уште двајца негови колеги. Тие биле пресретнати од пријавениот кој со закана и физичка сила од Х.Ѓ. одзел 500 денари.