Двајца судии од Скопје добија условен затвор
Двајца пензионирани судии од прекршочниот суд во Скопје добија условни затворски казни. Јавното обвинителство и двајацата осомничени во случајот „Јустиција“ потпишале спогодба која денеска била верификувана од судија во скопскиот Кривичен суд. Според пресудата, поранешните судии ги признале делата кои им се ставаат на товар и прифатиле условна казна која може да се замени со 1 година во затвор доколку во следните 3 години го пвоторат делото.
Случајот „Јустиција“ им стави лисици на рацете на 14 судии и 11 судски службеници кои според Обвинителството се осомничени за несовесно работење со што го оштетиле Буџетот за повеќе од еден милион и триста илјади евра.
Сите биле вработени во скопскиот прекршочен суд а според обвинителството во подолг временски период преку несовесна работа успеале да застарат дури 8.000 прекршочни предмети.
„Пријавените во својство на судечки судии во Основен суд Скопје 1 во Одделот за прекршоци, во текот на 2012 и во првото тромесечје од 2013 година, заедно со останатите пријавени во својство на службени лица кои работеле со нив, постапувајќи по прекршочни предмети кои се примени во судот во текот на 2010 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластувања и со неизвршување на својата службена должност, нанеле штета на Буџетот на Република Македонија од значителен износ, односно во износ од 1.308.515,00 евра за ненаплатена, а пресудена глоба, и 3.773.500,00 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал за околу 8.000 застарени предмети“, истакна на пресконференција минситерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа