Меси ги плати 10-те милиони долари за даночно затајување - ќе плаќа уште

Аргентинскиот голгеер и ѕвезда на Барселона Лионел Меси ги плати бараните 10 милиони евра кои му беа побарани на име даночни обврски од 2010 и 2011 година. Меси и неговиот татко сега ќе треба да платат и дополнителна сума за периодот за кој се обвинети од 2007 до 2009 година дека затајувале данок. Неговите адвокати од адвокатската компанија „Хуарез Весиана“ сметаат дека е невин, но дека се подготвени да ја платат бизарната сума на пари која ја има побарано судот. 

„Веруваме дека нашиот клиент веќе ги има платено сите свои даночни обврски, меѓутоа доколку е потребно, тој ќе го плати бараниот износ“, се вели во соопштението на адвокатите.

Меси и неговиот татко, по повод обвиненијата за даночно затајување, ќе се појават пред суд на 17-ти септември.

најчитано сега