Легендарниот Раде Шербеџија вечерва го отвара „БитФест"

Актерот Раде Шербеџија и Западни колодвор бенд, вечер во античкиот локалитет Хераклеа ќе го отворат најновото издание на културната манифестација „БитФест.

Во програмата на „БитФест 2013“ ќе бидат реазлизирани 22 концерти на класична музика, 11 настани со етнолошка содржина, 17 театарски претстави, 15 настани посветени на филмот, фестивали, речиси секој втор ден по еден рок или поп концерт, модни ревии, литературни оставрувања, изложби, какои специјални програми за деца.

Општина Битола годинашното културно лето го организира во соработка со националните установи во овој град, односно Завод и Музеј, Центар за култура, Народен Театар, Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, со поддршка на поединци и групи од областа на културата и здруженија на граѓани, како и во соработка со други институции од државата и странство бидејќи во Битола се очекуваат и гости од европските и прекуокенските држави.

најчитано сега