ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: По Први мај уште еден продолжен викенд

По Велигденските празници кога четири дена одморивме од работните обврски и уживавме со најблиските, следува уште еден продолжен викенд и многу неработни денови.

Неработен ден е 1 мај (петок), кога е Ден на трудот. Тогаш следува продолжен викенд.

Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители е во недела, неработен ќе биде и 25 мај (понеделник), што значи уште еден подолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија. По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај кога е Духовден, петок пред Духовден.

И Власите имаат уште еден неработен ден во мај - 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега