Тодоров: Не му се плашиме на Заев, ќе опстоиме на нашата политика на постојана работа на проекти

Во времето на СДСМ само во Делчево без работа останаа над 1.700 граѓани. Тој период не смееме да го заборавиме, тоа е она што секогаш ќе остане запишано позади името на СДСМ. А не смееме да го заборавиме и периодот од 2002 до 2006 година. Тоа беше континуитет на тоа што го правеле од 1995 до 1997 годинa.

Ова од вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево го порача министерот за здравство Никола Тодоров.

-Ако од 1995 до 1997 година ги бркаа граѓанте за ефтино да ги купат фирмите луѓе блиски до СДСМ, од  2002 до 2006 ги бркаа од работа сите оние кои не се дел од политиките на СДСМ. И тоа не смееме да го заборавиме, бидејќи тоа е начинот на кој тие делувале, делуваат и ќе делуваат, посочи Тодоров.

Најдобар доказ за тоа, како што посочи Тодоров, се изјавите на сегашниот лидер на СДСМ.

-Тој што самиот смета дека е пратен од Господ и што порача дека ќе јаде живи луѓе и јавно порача дека ќе брка од работа. Значи СДСМ единствено што размислува е како да избрка од работа, не како да вработи и како да створи нови работни места, да донесе инвестиции, рече Тодоров.

Доколку им се овозможи да дојдат на власт, истакна Тодоров, тие сигурно ќе го направат тоа, ќе бркаат луѓе од работа и во Македонска Каменица, и во Дечево, и во Штип и во Скопје и во секој град.

-Зборуваат за патишта, за земјоделците, а не дале ни еден денар за земјоделците. Зборот субвенции СДСМ не го знаеше, никогаш не го ни практикуваше,и сега тие зборат за змјоделците, а кај биле кога требало тоа да го прават, рече Тодоров.

Зборуваат и за здравството, рече Тодорв, а никогаш не се сетиле да ги намалат лековите, напротив во тоа време, имаше маржи за лековите од 1000 проценти. Сега скоро сите лекови се намалени.

-Слично е и во делот на опремата, опрема во здравството се немаше набавено многу одамна. Имаше оперма достојна за музејски експонат, не набавија ништо а сега зборуваат, а ние имаме набавено најсовремена опрема во скоро сите сите здравствени установи, компјутерски томографии, магнетни резонанци, ехо апарати и така  танаму, опрема во вредност од над 100 милиони евра, посочи министерот за здравство на трибината во Делчево.

Тој нагласи дека е отворена и детска кардиохирургија во која досега се извршени над 100 операции на дечиња во Република Македонија. Станува збор, нагласи Тодоров, за бебиња стари и до две или три недели.

-Повеќе од половина милјарда евра се обезбедени за директна поддршка на македонскиот земјоделец, нагласи тој, додавајќи дека се направени и голем број проекти во образованието.

Во врска со актулната политичка ситуација во Македонија, Тодоров посочи дека Заев и неговата дружина како да формираат еден преку суд. Тоа реше тој се судови кој во раниот комунизам беа формирани и во коишто се суди набрзина и однапред е позната пресудата.

-И Заев сака да им суди на сите оние кои не мислат исто како него. Наводно збори за „вистина“ во која тој е убеден и којашто има за цел и сака да ја претстави како реланост, рече Тодоров, кој посочи пример како преку монтирани и прилепувани разговори доколку сака некој може да го претстави во најлошо светло.

Според Тодоров Заев е човек што сака да дојде на власт со агентурна мрежа, со уцени, најавува и крв.

Заев, рече тој, сака да ги брани оние кои го кодошеле сопствениот народ и оние кои сега се лустрирани.

-Заев посотојано се заканува на секој оној што не мисли како него и на секој кој ќе се дрзне да каже нешто против него, да каже дека тоа што го прваи не е добро и е спортивно уставниот поредок на државата, тој веднаш се труди да го дискредитира и се заканува дека ќе му објави разговори без разлика дали се точни или не. Тоа е менталниот склоп на еден човек кој амислил да дојде на валст не со програма, не со ветувања за странски инвестиции, изградаба на ифраструктура, тој сака да дојде на валст со кримогени работи, истакна Тодоров.

Министерот за здравство од трибината во Делчево ги повика сите партии рационално да размислуваат и постапуваат.

-Јас и од тука ќе ја упатам пораката дека не му се плашиме на Заев, ниту од неговите монтирани, сецкани и креирани разговори, ќе опстоиме на нашата политика за доброто на сите граѓани, ќе опстоиме на нашата политика на постојана работа на проекти, а тој нека си биде посветен на неговата работа, на креирање и сечење материјали во некоја лабараторија во која тоа го прави, рече Тодоров.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега