Мафијашки во Аеродром - излегле од автомобил и крвнички го претепале на сред улица

Пет се уште непознати лица пред нешто повеќе од половина час крвнички претепале момче на сред улица во Аеродром, јавува Плусинфо, повикувајќи се на полициски информации. Насилниците излегле од возило, го претепале 25 годишното момче и побегнале со автомобилот. Инцидентот се случил пред Тобако 2, а целата тепачка траела помалку од 2 минути. Момчето со тешки телесни повреди е префрлено во болница. На местото излегла полицијата која го запрела сообраќајот на улицата и се чека екипа на крим-техника за да изврши увид
Се трага по напаѓачите. Се уште нема информации за состојбата на претепаното момче

најчитано сега