Струмичкиот процес

Само Господ му е мајката. Да има некој начин секој ден Велигден да биде најарно за сите ќе да е. Но, како велат, секое чудо за три дена. Кај нас само добрите чуда кратко траат. Оние политичките чуда, со децении не дават. Еве, Заев не дочека Христос ниту да здивне од воскресението, а веќе разлупа. Нема веќе ни стратегија. Секој ден, како последен да е. Што прво ќе најде тоа вади. Нема време човекот, мора да продолжи со спасувањето на државата. Та нели за тоа избран бил. Тој е Оној, место Оној кој што е… Од прилика така некако може да се разбере неговото самодефинирање. Не е научно потврдено, но голема е веројатноста човекот да е и безгрешно зачнат. Во името на Верушевски, Заев и светот СДСМ, Буммм…

Според Заев Македонија може да се спаси само ако претходно биде целосно уништена. До темел се да се разруши, па потоа од почеток. Така и времето ќе се мери до Заев и потоа. Во новата ера ќе се влегува преку “Заевите двери”, или попознати меѓу народот како “струмичкиот процес”. Тоа ќе биде чистилиштето на македонското општетство. Заслужните ќе добијат место во престолот, грешните казни за злоделата. Море казан со врел катран ако треба. Никој нема да биде поштеден. Пресудите на граѓански пленум ќе бидат соопштувани и со општ восклик аминувани. Колку појаки свирежи, толку повисока казна. Само правдата на Заев е вистинската правда. Другата е политички инкриминирана. Ќе се суди по заево-пленумскиот законик. Тоа така се прави кога граѓаните ќе ја земат судбината во свои раце, ама со нејзе ќе управува лидерот.

Во струмичкиот процес посебно внимание ќе им се посвети на медиумските поддржувачи на режимот. Освен што најжестоко ќе бидат казнувани, за нив мора да има и процес на ресоцијализација. Превоспитување. Тој процес мора да има елементи на деконтаминација.  Една од опциите е секое утро во кафичите и кафаните на глас да мора да читаат “Слободен печат” и “Фокус”. Предлогот бил на журналистичкиот пленум. Сликовито тоа би изгледало вака некако. Наутро доаѓаш на кафе некаде на улица Македонија и наместо да листаш весник, Миленко, Мирка, Јанко, Латас и сите ние, во некој ќош, подигнати на една пивска гајба, распоредени по еден во секој кафич, ти читаат што денеска донесува слободарскиот печат. А, таму на насловна: “Граѓанскиот пленум 10 минути го свиркаше Миле, струмичкиот процес му одреди казна – со името Заево секоја реченица да ја почнува.

Тоа е сонот и планот на пленумот на Заев. Но, за реализација на идејата му бил потребен фитил за јака експлозија, бидејќи тоа што го има бадијала бомба се нарекува. На Заев сега му требал народ, отпор, нереди, демонстрации, а за тоа му требал повод. Бидејќи само преку целосна катаклизма се раѓа струмичкиот процес. Две сценарија биле во игра. Едното е можен меѓуетнички судир со класична манипулација за настаните од Смилковци и второто е подготовка за евентуално, во моментов најпосакувано во СДСМ, апсење на Заев. Се тоа мора да се исценира до финалениот марш, кој треба да се случи на 9 мај. Заев се би дал, па дури ако треба и сам би се уапсил да може како крајна варијанта за да се исценира конфликт. Впрочем тоа бил и заклучокот на последното заседание на опозицскиот пленум на “Павелшатевска”. Правете што ќе правите, народ на улица мора да изнесеме. Нема веќе ништо појако, бил советот од пленумската поглавица. И Македонскиот Кличко бил на готовс.

Се е тука.. Само народот недостасувал. Го нема. Го нема затоа што му збоктиса од заложништвото во кое секојдевно е ставен. А кога народот го нема, сонот место јаве, станува кошмар. Особено кога ќе се разбудиш и видиш дека оној, за кој тврдиш дека доаѓа како претходница со последен улитиматум за да обезбеди “мирен трансфер на власта”, ко да ти бил од некој задграничен комитет на партијата на власта. Запнал за правна разрешница на ситуацијата и  тоа во истите институции за кои ти три рала опиници искина да ги делегитимираш.

И не ти иде ли бе Баце, да викнеш “Шу праиме бе Заев???

 

 

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега