Еве кого брани СДСМ: Нивниот истакнат кадар во џакузи со средношколки (ФОТО)

СДСМ денеска од Охрид ја објави новата бомба, при што најголемата опозициска партија се стави во отворена одбрана на нивниот истакнат кадар од овој град, кој беше фатен во џакузи со средношколки, скандал кој македонските медиуми го објавија во март 2013 година.

Медиумите тогаш објавија скандалозни фотографии од директорот на охридското средно училиште ЕМУЦ, еден од најблиските соработници тогашниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески.

-Тој е близок соработник на охридскиот градоначалник Александар Петрески од СДСМ.На фотографиите се гледа скандалозното однесување на директорот на ЕМУЦ во друштво на неколку млади девојки, како тој ужива во џакузи, објавија медиумите.

СДСМ денеска бесрамно се стави во одбрана на нивниот истакнат кадар кој беше фотографиран во џакузи со млади девојки, инаку близок пријател на Александар Петрески. Реакциите во јавноста тогаш беа дека вакви провокативни фотографии не му доликуваат на еден вршител на ваква должност. За родителите на децата кои учат во неговото училиште, сигурно ваквото негово однесување не е прифатливо.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега