Панче Кралев избран за член на Одборот директори на Македонски телеком
На денешната годишна седница Собранието на Македонски Телеком АД – Скопје ги усвои Годишната сметка, консолидираната Годишна сметка, ревидираните Финансиски извештаи, ревидираните консолидирани Финансиски извештаи и Годишниот извештај за работењето на Друштвото за 2014 година.
Исто така на седницата е донесена одлука за исплата на дивиденда за 2014 година во вкупен бруто износ од 2.262.857.170,00 денари, односно бруто износ од 26,23 денари по акција.
Собранието го одобри и работењето на членовите на Одборот на директори на Македонски Телеком за 2014 година, a го усвои и Годишниот извештај за работењето на Секторот за интерна ревизија на Друштвото за 2014 година.
Панче Кралев, Небојша Стајковиќ и Мелинда Модок, на денешната седница Собранието ги избра за неизвршни членови на Одборот на директори на Македонски Телеком, додека Петер Жом е избран за независен неизвршен член на Одборот на директори, сите со мандат почнувајќи од 15.04.2015 година.Собранието на седницата ја констатираше оставката на Томас Панханс, од позицијата неизвршен член на Одборот на директори на Македонски Телеком, со важност почнувајќи од 15.04.2015 година.
Панче Кралев е поранешен министер за образование.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа