Почнаа посетите на скопските општини-ќе се реконструира и проширува улицата „Борис Трајковски“

 

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, градоначалникот на општината Кисела Вода Билјана Беличанец- Алексиќ и директорите на јавните градски претпријатија, денеска одржаа средба со претставници на урбаните заедници од општина Кисела Вода, со што и официјално започна дванаесеттиот циклус посети на општините на Град Скопје и средби со претставниците на урбаните и месните заедници.

- И оваа година овој циклус посети на скопските општини го почнуваме од општината Кисела Вода. Ова е одлична можност да се сретнеме со претставниците на урбаните и на месните заедници и да ги слушнеме мислењата на граѓаните за проектите на Градот Скопје и нивните потреби од областа на урбаното живеење. Ќе разговараме за прашања од областа на сообраќајот, за новите сообраќајни решенија што минуваат низ општината Кисела Вода, за јавната хигиена и одржувањето на зеленилото, за подобрувањето на услугата на јавните претпријатија и за многу други прашања – рече денеска градоначалникот Коце Трајановски.

На средбата градоначалникот Трајановски направи краток осврт за сите досега реализирани проекти на територијата на Општина Кисела Вода, а како најважен проект кој треба да започне да се реализира оваа 2015 година е продолжувањето на проектот за реконструкција и проширување на улица „Борис Трајковски", каде што годинава треба да почне реализација на третата фаза од овој проект, покрај фабриката Охис на потег во должина од околу 2 километра.

Градоначалникот на општината Кисела Вода, Билјана Беличанец- Алексиќ ја поздрави оваа работна пракса и средби, нагласувајќи дека истата резултира со голем број  реализирани проекти, како и на значително зголемување на квалитетот на услуги кои ги даваат Градот Скопје и јавните претпријатија.

На средбата со урбаните заедници, на којашто покрај градоначалниците присуствуваа и директорите на јавните претпријатија, раководителите на пунктовите на претпријатијата, како и претставници на секторите од администрациите на Градот Скопје и од општина Кисела Вода, се дискутираше за состојбите на терен во општината, меѓусебната соработка, како и резултатите од истата.

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега