Зошто не треба да се туширате со врела вода?

Д-р Џошуа Цајхнер, професор по дерматологија во њујоршката болница „Mount Sinai“ го карактеризира честото туширање единствено како културен феномен. Слично на Цајхнер размислува и Ранела Хирш, дерматолог од Бостон. „Забележано е дека луѓето во денешно време знаат да претераат со хигиената, и тоа мора да се истакне. Таквото однесување е прифатено како општествена норма“.

Многумина сметаат дека „неумереното туширање“ е одраз на рекламните пост-Граѓанската војна во САД. Паралелно со бројот на рекламите за сапуни, се зголемувало и нивото на хигиена кај населението, достигнувајќи го денешното, кое не само што не е добро по здравјето, туку има и негативни последици.

Американските дерматолози во многу прилики истакнуваат дека честото туширање ја суши кожата, предизвикува иритации, ги уништува полезните бактерии, предизвикува пукнатини и го зголемува ризикот од инфекции. Ова поседно се однесува на туширањето со врела вода.

Цајхнер и Хирш истакнуваат дека истото важи и за децата и дека родителите не треба секојдневно да ги (тераат да се) капат. Кога возрасните би го послушале нивниот совет, би придонеле детската кожа да стане помалку чувствителна на алергии и разни кожни заболувања, како што е егземата.

Сепак, експертите советуваат дека во деновите кога не се тушираме, исто така треба да се одржува хигиена, миејќи ги најкритичните места на телото, и тоа со мокра крпа. Иако темпото на туширање зависи пред се од активностите на секој поединец, дерматолозите велат дека најдобро е едно туширање на 2-3 дена.

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега