28 годишно момче загина во крвавата сообраќајка кај Ресен
28 годишниот стружанец Аџибајрам Каба од Велешта загина во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на патот Битола-Ресен, близу местото „Макази".
Од полицијата денеска информираат дека во сообраќајката учествувале „Опел вектра" управувана од 54 жител на селото Велешта, „Шкода фабија", управувана од 27 годишен скопјанец и „Фиат добло" управувано од 37 годишен жител на Скопје. Во сообраќајката загинал 28 годишниот стружанец, а останатите учесници заработиле телесни повреди и биле пренесени во Клиничка болница во Битола.
Според СВР Битола, возачот на „Вектрата“ се движел од Битола кон Ресен, кога изгубил контрола врз автомобилот и се забил во „Фабијата“ која била на левата страна од патот. „Вектрата“ удрила во „Фабијата“ со десната страна а од назад во неа удрил Фијатот.