Грција се подготвува за банкрот ако до крајот на април не се договори со кредиторите

Грчката Влада се подготвува да прогласи банкрот на државниот долг, доколку до крајот на април не успее да постигне договор со кредиторите, пренесе ТАСС.

Информацијата синоќа ја соопшти весникот „Фајненшел тајмс“ на својот сајт.

- Владата, која брзо ги тенчи парите за плаќање на платите на државните службеници и пензсиите, одлучи да се откаже од враќање на долгот од 2,5 милијарди евра кон Меѓдународниот монетарен фонд што требаше да бидат префрлени во текот на мај и јуни, доколку не се постигне спогодба, за весникот изјавија извори информирани за плановите на грчките власти.

 „Стигнавме до крајот на патот. Ако Европејците не префрлат пари  од фондот за финансиска помош, нема да има алтернатива, освен  банкрот“, изјави за весникот претставник на грчката Влада, кој посака анонимност.

Весникот „Фајненшел тајмс“ забележува дека евентуалниот грчки банкрот ќе значи досега незабележен шок за еврозоната. Предупредувањето може да е и тактички чекор во преговорите што за цел има Грција да добие што е можно поблагопријатни услови од кредиторите.

Европските влади исто така подготвуваат вонредни планови за случај на евентуален грчки банкрот, забележува весникот

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега