ВИДЕО: Српски снајпер за стравовите кои ги видел во Украина - од ова ќе ви се заледи крвта во жилите!

Српскиот доброволец Дејан Бериќ кој војува на страната на Новорусија дал интервју за телевизијата од Бањалука АТВ, во која раскажа за воените стравови кои ги видел во Донбас. Бериќ изјавил дека неколку пати посакал да си замине од Новорусија, но дека секој пат останал под влијанието на злочините кои Украинците ги правеле над цивилното население во Новорусија.

„По Дебаљцев, ние тоа мораме да вратиме... Таму во еден подрум пронајдовме многу девојки и жени. Прво биле силувани, а потоа заклани и фрлени во еден подрум. Ги имаше многу. Тоа луѓето го снимија, се прави бела книга, и се подготвува за суд за воени злочини, на украинската армија против народот на Новорусија. Мене ми е жал што не можевме се да публикуваме што видовме“, вели Бериќ.

Тој раскажа за ослободувањето на еден реон на две гробници кои им ги покажале мештаните каде забележале 400 искасапени луѓе.

„Имаше и без бубрег, без срце, извадени им беа органите а потоа беа затрупани“, вели Бериќ.

Тој вели дека видел над илјада мртви, но најтешко моменти му биле кога страдале децата.

„Најтешко ми беше во една куќа каде била фрлена граната низ кровот и уби дете. Малиот буквално ми умре на рацета, му ги разнела рацета, и не можевме да го спасиме никако. Утредента во истата куќа била фрлена уште една граната, и усмрти девојче старо само шест месеци. Ние влегуваме во куќата, а жената клечи на колена и го држи детето и не плаче“, ја опишува Бериќ страшната слика.

Бериќ вели дека по војната планира да замине за Русија. Тој вели дека во Русија планира да остане се додека не се промени власта во Србија.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

12.04.2015 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега