Британка тврди дека може да разговара со духови
Сали Морган од Велика Британија вели дека има моќ да гледа и да разговара со духови, поради што новинарите ја обвинија дека таа на своите настапи копристи слушалки преку кои некој нејзин пријател зборува и потоа таа лаже дека може да се поврзе со оној другиот свет.
Оваа Британка тврди дека може да разговара со духови иприредува настапи пред публика за да го докаже тоа, иако британските таблоиди ја обвинија за измама, бидејќи според нив користела трикови, а не станувало збор за паранормална активност.
Таа неодамна доби оштета од 193.000 долари бидејќи имала судски доказ дека не користи слушалки и дека станува збор за натприродна моќ.
Веројатно на никој повеќе нема да му текне да ја тужи оваа жена од Британија.