ПРЕКРАСНО: Задолжителна молитва за почеток на секој ден!

Оваа молитва во изведба на  сестринството на Манастирот Св Ѓорѓи Победоносец- Рајчица при Бигорскиот манастир е прекрасна. Слушнете ја на овој ЛИНК.

Избегав од фараонот од ропство в Египет,
од Мојсеј бев поведен и до Синај пристигнав.

Да се качам на Синај, ох, силно посакувам,
на неговиот свет врв топло да се помолам.

Овој пат е многу стрмен, Боже дај трпение,
сила и издржливост молитва да добијам.

Послушание пред сé, Свето Писмо, ќелија
и свето молчание за да стекнеш молитва.

За да кажеш молитва, ти од умот, најнапред,
далеку исфрли ги сите светски помисли.

На почетокот молитва усна кажувај,
како мине времето ќе се стори разумна.

На нејзините зборови многу внимавај,
зошто, штом размислуваш, лесно се прелестуваш.

На лукавиот му пречи молитвата, ти знај,
затоа не плаши се, кога ќе те нападне.

Од молитвата се раѓаат слатки плодови,
каков мед е тоа, ох, не можеш да замислиш.

Како дејствува молитвата не ме прашувај,
не можам да искажам Таинство Божествено.

Штом ја видиш во тебе, како таа дејствува,
тогаш добро чувај ја, со многу смирение.

Старче мој почитуван, Мојсее мој разумен,
дојди, дај ми благослов, за да стекнам молитва.

И Ти, Мајко Христова, тајна Игуманијо,
благослови ги монасите, дај им молитва.

Да се качам на Синај, ох, силно посакувам,
на неговиот свет врв топло да се помолам.

 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега