Нека Воскресението Христово донесе напредок и радост - честитка од градоначалникот Ристески

 

Градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески и намесникот на Прилепкото архиерејско намесништво, oтец Благоја Станкоски, во дворот на црквата „Св.Благовештение“ на сите православни верници им ги честитаа Велигденските празници.

Во својата изјава пред новинарите, градоначалникот Ристески истакна дека на сите верници им посакува многу овој голем христијански празник да го поминат во многу љубов и мир, да влее надеж и верба во новиот живот и новиот почеток кој настанува со Христовото распетие. -Нека Воскресението Христово – Велигден донесе здравје, радост, напредок и просперитет.

Православните христијански верници во недела ќе го прослават најголемиот празник Велигден, денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Се смета за најважниот верски празник или празник над празниците во православниот календар. 

 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 13:30
Фото: 
Курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега