Се расчистува одронот на патот Средно Водно - Пантелејмон
Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ го расчистуваат одронот на патот Средно Водно - Пантелејмон, кој во текот на изминатата ноќ ги покри двете сообраќајни ленти на овој пат и го оневозможи одвивањето на сообраќајот. Во моментов, за сообраќај е проодна едната сообраќајна лента.
Како што соопшти Град Скопје, работниците од ЈП „Улици и патишта“ со соодветна механизација уште веднаш излегоа на терен и ги расчистуваа наносите земја и камења од патот.
За сообраќај веќе е проодна едната лента, а за неколку часа се очекува целосно да биде расчистена и другата сообраќајна лента.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни при движењето на оваа делница, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот, а доколку се во можност, при своето движење да ја користат околната патна мрежа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа