Јапонија се запозна со можностите за инвестирање во земјава

Пред стотина јапонски компании од различни сектори меѓу кои  „Тојота“, „Хитачи“, „Канон“ ,„Хонда“,  како и претставници на јапонската Влада и медиуми, вчера, на бизнис и инвестициски  форум  во Токио, се претставени можностите и поволностите за инвестирање во Македонија. Претставници на компаниите покажале интерес за презентираните можности, а дел најавиле и посета на државава.
 
На форумот, организиран од Македонската амбасада и Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО), за условите за бизнис во Македонија говореа министрите за странски инвестиции и за информатичко општество и администрација Горан Мицковски и Иво Ивановски. 
 
Министерот Мицковски пред јапонските компании ги презентираше компетитивните предности за инвестирање во Македонија во повеќе сектори и ги сподели успешните инвестициски проекти кои Владата на РМ успеа да ги реализира во последните години со компании од повеќе земји во светот. Отворањето Македонска амбасада во Токио, како и поволната економска состојба во земјата, според Мицковски, е почетна точка од која јапонските компании треба да бидат охрабрени да ја разгледаат можноста за инвестиција во Македонија.  
 
На форумот министерот за информатичко општество Ивановски ги презентирал можностите за инвестиции на јапонските компании од ИТ секторот. Амабасадорката Андријана Цветковиќ, пак, оценила дека форумот е почеток на градење долгорочно бизнис партнерство помеѓу двете земји и оти Амбасадата во Токио ќе биде мост за овие партнерства.  
 
На средба на македонската делегација со претставници на раководството на ЏЕТРО се разменети  мислења и искуства за инвестициските можности кои ги нуди Република Македонија, како и инвестициските трендови во Јапонија.
 
Министерот Мицковски  на маргините на Самитот за нова економија (НЕС) се сретнал и со министерот за информатичка технологија на Јапонија Шуничи Јамагучи и со извршниот директор на „Ракутен“ Микатини.  
 
Посетата на Јапонија е во рамки на владините економски презентации за привлекување странски инвестиции,  а како резултат на напорите и активностите на македонските дипломатски претставништва во делот на економската дипломатија.
 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега