Попоски: Грција „игра на време“ во разговорите за името

Грција се обидува да добие на време во разговорите со името, смета министерот за надворешни работи Никола Поповски. Во интервју за виенски „Ди Пресе“, Попоски вели дека грчката Влада во моментов не е во можност да троши енергија во ништо друго, освен за решавање на економската криза, пренесе МИА.

- Многу ризичен облог е дека Атина наскоро ќе му се посвети на решевањето на спорот со името. Најверојатно тие ќе се обидат да добијат во време. Тие ќе осигураат дека не постои ефикасен процес за решавање на прашањето за името, во согласност со мотото: Не не прашувајте дали ќе ја менуваме нашата политика кон Македонија, бидејќи имаме други грижи, а исто така врзани сме за политиката која ја водеше доскорешната влада“, вели шефот на македонската дипломатија. 

Во врска со спомениците во Скопје кои предизвикуваат негативните реакции кај јужниот сосед, Попоски вели дека претходно немавме такви споменици, но Грција сепак не блокираше. 

- Ниту една нација не може историските личности на Балканот не може да си ги припишува само себе си. Тоа би било повеќе од парадоксално доколку некој сака таква ексклузивност за личности кои живееле пред 2.300 години. Тоа би било нонсенс, вели министерот Попоски. 

Пред независноста на Македонија, додава тој, официјална Атина не се занимаваше со прашањето за името, туку дека потоа дојде до кампањата за македонизација во Грција и масовни кампањи против Македонија. 

- Стратегијата од тоа време остана иста - приклучувањето на Македонија во евроатлантските структури да бидат спречени, во надеж дека земјата нема да преживее, изјави Попоски. 

Шефот на дипломатијата вели дека не може да се прави споредба меѓу Македонија и Турција, чии евроинтеграции се блокирани. Дека Русија е алтернатива е илузија за Попоски. За Македонија, потенцира тој, нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО, но предупредува на растечко незадоволство меѓу населението. 

- Сепак, 85 отсто од Македонците се за пристапување во ЕУ и НАТО. Но, од гледна точка на просечниот македонски граѓанин овој процес нема кредибилитет. Што и да направиме Атина може да не блокира. Секој ден, има се поголем број разочарани граѓани кои веќе не веруваат дека Европа стои зад вредностите што ги застапува: владеење на правото, фер однос, почитување на идентитетот на секој народ, изјави Попоски.

Запрашан за обвинувањата на лидерот на опозицијата Зоран Заев за случајот „Пуч“, Попоски објаснува дека тој (Заев) се обидува да ги убеди граѓаните дека премиерот стои зад нелегално прислушкување.

- Но чудно е што Заев има објавено само снимки од разговори на владини претставници. Тој го прекрши законот бидејќи тој што поседува илегално снимен материјал е првата врата на која мора да затропа јавното обвинителство. Не може да има друг одговор на аферата освен оној кој би дошол од судовите, рече Попоски.   

Работа на судот, посочи тој, е да утврди дали има политичка димензија. Судот мора да ја провери веродостојноста на снимките, а потоа и содржината. Владата, додава Попоски, е подготвена да одговара за секое недолично однесување доколку се докаже и да побара одговорност. - Канцеларијата на обвинителот побара од Европската комисија да испрати експерти за набљудување на постапката, рече тој. 

 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега