"Цуца сака да ми го растури бракот"
Сопругата на Раде Чокан, Злата ја обвинува Ивона Неговановиќ Цуца дека се обидува да и го одземе мажот и да го растури бракот.
Злата рекла дека не му замерува на својот сопруг што ја изневерил со Цуца, но е бесна што не престанува да го прогонува. Сопругата на Чокан рекла дека Цуца за нејзиниот сопруг е само авантура, но поранешната учесничка во „Парови“прави се за да и го растури семејството.
Цуца го брка мојот сопруг како дете по гума за џвакање. Со него неможе да се игра. Раде е многу појак од други мажи, кои паѓаат на нејзината слама на главата, односно нејзината коса. Јас сум мајка на две деца на Чокан и добро го познавам. Знам дека мојот човек е шармер, цела естрада зане за што зборувам, рекла Злата.
Таа додала дека кога Раде тоа ќе го реши, Цуца ќе биде минато во неговиот живот.
Тоа ќе биде крај на неговата пејачка кариера, рекла сопругата на Чокан.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа