ФОТО: Водителката Антонија ослабна до непрепознатливост
Водителката која ја запознавме неодамна преку „X Фактор“, Антонија Блаче, во Хрватска е дел од шоу-бизнисот веќе 10 години, а за потребите на Икс-Фактор реши дека пред Балканот мора да се претстави во најдобро светло, па затоа ослабна до непрепознатливост.
Иако пред само неколку месеци, хрватските медиуми шпекулираа дека е трудна, поради вишокот килограми, Блаче призна дека само се олабавила и заборавила да внимава на својата линија, но се погрижила за себе за да изгледа беспрекорно за Икс-Фактор.
- Повторно вежбам и здраво се хранам. Не јадам тестенини, леб и печива. Морам да бидам на ниво на задачата, сепак, ги бранам боите на мојата земја, односно сакам да бидам претставник на кој гледачите ќе бидат горди – изјави неодамна таа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа