Скопјанец преживеал хорор за стиропор

 

Дваесет и едно годишниот скопјанец К.Д. вчера вечерта бил физички нападнат и малтретиран по телефонски разговор со лице со кое се познавал, а во врска со кражба на стиропор.

Лицето кое го контактирало скопјанецот на телефон пристигнало со  „Ауди -А3“ во кое имало уште три непознати лица и откако нападнатиот се изјаснил дека во врска со кражбата на стиропор не знае ништо, еден насилник излегол  од возилото и без повод и причина му удрил шлаканица и  тупаница, а  потоа насилно го внеле во возилото каде физички го малтретирале и го оставиле во Кисела Јабука.

По преземени мерки повикани се четири лица на разговор, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега