Се снима нов филм за неодоливиот Петар Пан

 

Приказната за Петар Пан, момчето кое одбива да порасне, ќе има нова екранизација, а премиратата на филмот се очекува наредното лето, најавија од „Ворнер брос“.

Режисерот Џо Рајт фрла ново светло на бајката на Џејмс Метју Бари и ги води гледачите во возбудлива авантура под наслов „Пан“.

Според синопсисот, Петар е сираче од лондонскиот дом за деца без родители. Една магичена вечер, на Домот се појавува голем и сјаен брод кој го води Петар во Недојдија, каде што тој ги запознава најголемите радости, но и стравови, како и смислата на своето постоење и зошто историјата засекогаш ќе го запамети под името Петар Пан.

Главната улога ја толкува младиот дебитант Леј Милер, злобниот црнобрадесет капетан е Хју Џекман, капетан Кук е Гарет Хедлунд, а Рони Мара е тигрицата Лили.

 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега