Зошто жените за Велигден ги удираат со стап?

Велигден е најважниот христијански празник поврзан со распнувањето и воскресението на Исус Христос и иако на територијата на Чешка се слави различно. Сепак понеделникот главно е релаксирачки ден, во знак на поздравување на пролетта.

На вториот ден на Велигден, по традиција Чесите со испреплетени двометарски прачки од врба декорирани со шарени ленти кои се нарекуваат „помлазки“ одат по улиците и куќите пејат пригодни песни и ги удираат жените и девојките за да бидат силни и здрави.

 

Во Моравија, област во Чешка, која порано била кнежевство и каде по барање на кнезот Ростислав византискиот император Михаил ги испратил браќата Кирил и Методиј да го шират Христовото учење на словенски јазик, мажите најчесто се облечени во носија, бели везени кошули, широки пантолони и високи чизми.

Женскиот дел од секое моравско домаќинство е подготвен да ја дочека „помлазката“, а трпезите се полни со лепчиња, колачиња и домашен благ леб направен во фигура на јагне.

 

Девојките и жените, за „тепањето“ ги одменуваат мажите со шарени јајца украсени на разни начини. Најчести се оние бојадисани во лушпа од кромид на кои се втиснати разни листови.
За време на овој голем празник, се изнесува најубавото вино и ракија направена од сливи.

 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега