Лазаров и неколку ракометари на Вардар во трка за дрим-тимот на ЕХФ

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на шпанската Барселона Кирил Лазаров, заедно со петмина членови на македонскиот вицешампион Вардар се во конкуренција за место во најдобриот тим во Лигата на шампионите.

Европската ракометна федерација, (ЕХФ) денеска ги објави номинациите за ракометари од кои ќе биде избран најдобриот тим во елитното натпреварување за сезоната 2014/2015. 

Конкуренти на Кирил Лазаров за позицијата десен бек ќе му бидат:  Золт Балог (Пик Сегед), Марко Вујин (Кил), Ким Андерсон (Колдинг), Александер Петерсон (Некар Левен).

За најдобар голман, покрај чуварот на мрежата на црвено-црните Арпад Штербик во конкуренција се и: Филип Ивиќ (Загреб), Роланд Миклер (Веспрем), Тјери Омејер (ПСЖ), Даниел Шариќ (Барселона).

Тибур Дибиров се најде во конкуренција за најдобро лево крило, заедно со: Уве Генсхајмер (Некар Левен), Самуел Онрубиа (ПСЖ), Хуанин Гарсија (Ла Риоха), Гудјор Валур Сигурдсон (Барселона).

Конкуренти на централен бек на Вардар, Хрватот, Игор Карачиќ му се:   Микел Хансен (ПСЖ), Томас Могенсен (Фленсбург), Дејан Бомбач (Пик Сегед), Жоан Канелјас (Кил).

Алекс Душебаев важи за голем фаворит за признанието за најдобар млад ракометар, а негови конкуренти ќе бидат: Александер Деревен (Чеховски медведи), Сандер Сагосен (Алборг), Блаж Јанц (Целје), Теофил Сосе (Данкерк).

Листата за кандидати е заокружена со предводниците односно тренерите, а меѓу нив е и стратегот на црвено-црните 

Раул Гозалес, како и: Алфред Гисласон (Кил), Хуан Пастор (Пик Сегед), Веселин Вујовиќ (Загреб), Талант Душебаев (Киелце).

На останатите позиции кандидати се:

Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем), Вилијам Акамбре (ПСЖ), Карол Бјелицки (Киелце), Бо Шпелерберг (Колдинг), Никола Карабатиќ (Барселона).

Пивот: Камил Сипржак (Висла), Ренато Сулиќ (Веспрем), Хулен Агинагалде (Киелце), Патрик Винцек (Кил), Толга Езбахар (Бешикташ).

Десно крило: Драган Гајиќ (Монпелје), Златко Хорват (Загреб), Валентин Јонеа (Висла), Виктор Томас (Барселона), Патрик Грецки (Некар Левен).

Одбранбен ракометар: Пјотр Грабарчик (Киелце), Рене Тофт Хансен (Кил), Ларс Јоргенсен (Колдинг), Виран Морос (Барселона), Јаков Гојун (ПСЖ).

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега