Ѓуровски: Имав визија но не беше препознаена од ФФМ

 
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски по смената од селекторската фунција се обрати до јавноста со соопштение:
 
„По одлуката на УО на ФФМ за раскинување на мојот професионален договор на селекторската функција, би сакал да го искажам својот став во јавноста, истовремено заблагодарувајќи се за довербата и поддршката што ја добив за време на мојот мандат.
 
Веднаш на почетокот, да кажам дека најостро ги одбивам нападите кон мене како главен виновник за резултатите на македонската фудбалска репрезентација. Немајќи доволно самокритичност и храброст да се согледаат проблемите на фудбалот во нивната суштина, не сум изненаден од претседателот Илчо Ѓорѓиоски, Управниот одбор на ФФМ и дел од јавноста, што не ја препознаа мојата идеја…!?. Со оваа постапка за раскинување на договорот, се покажа дека ФФМ нема јасна визија за репрезентацијата во иднина…!? Да ги донесеме Анчелоти и Мурињо заедно, мислам дека не можат да направат ништо за краток временски период. Благодарност до ФФМ за довербата, а посебно на стручниот штаб и на фудбалерите за извонредната соработка.Поголема среќа и успех во иднина“
 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега