Напаѓале жени на улица - млади момчиња паднаа во рацете на македонската полиција
Е.А.(19) и Р.А.(21) од Струмица од почетокот на годинава, па се до минатиот месец, извршиле седум кражби, за што конечно ќе одговараат пред полицијата. Момчињата кражбите ги вршеле во ноќните часови така што пресретнувале женски лица кои се движеле по улица, и со употреба на сила им ги одземале женските чанти, по што бегале, а потоа ги ваделе парите од нив, а чантите со личните документи ги фрлале.
Млчадите крадци така направиле штета од 50.200 денари.
Оцени ја веста
09.04.2015 - 12:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа