Петрит Сараќини со шипка го нападнал новинарот Бобан Нонковиќ

 

Активистот близок до опозицијата Петрит Сараќини на социјалните мрежи познат како Амон Мра вчера доцна вечерта во просториите на Македонскиот институт за медиуми со шипка го нападнал дописникот на МИА и телевизија Сител од Брисел, Бобан Нонковиќ.

Информацијата на социјалните мрежи ја објави Миленко Неделковски кој додаде дека случајот е пријавен и во полиција.

Пресс24, утрово го контактираше Нонковиќ кој потврди дека бил нападнат од Сараќини.

Нонковиќ кој инаку е на пост-дипломски студии во МИМ многупати претходно имал вербални напади и провокации од страна на Сараќини, најчесто во просториите на МИМ. Во конкретната ситуација, додека Нонковиќ бил во една од просториите на МИМ разговарајќи со неговите колеги бил најпрво вербално нападнат од Сараќини.

- Додека стоев со колегите и разговарав, Сараќини кој се симнуваше по скалите почна да ме навредува и провоцира, сакајќи да предизвика и моја реакција со која потоа ќе може да се направи медиумска фама. Знаејќи ја намерата јас останав смирен. Но, Сараќини најверојатно ја забележа мојата смиреност па откако увиде дека тоа нема да му “запали” зема монопод (метална прачка за поставување на камера) и проба со истата да ме нападне. – вели Бобан Нонковиќ.

Додека се случувала целата драма, сведоци на настанот биле и професорите кои работат на МИМ како и персоналот кои пристпиле кон смирување на состојбата, но Сараќини не престанувал со навредите, а во еден момент додека го држеле тој почнал и да замавнува кон Нонковиќ со зборовите “Сега ќе те убијам!”.

- Очигледна е се поголемата хистерија на оние кои наводно демократски, а всушност, преку насилство и анархија сакаат да ја преземат власта во Македонија, се поочигледна е паниката на поддржувачите на странските сценарија за Македонија. Не би се изненадил доколку, колегите новинари, јавните личности и останатите кои се таргетирани од овие насилници, да им се случи истото што и на мене ми се случи вчера. Тие веќе се свесни дека и покрај сите нивни напори, помош од странски служби, фондации и пари на Сорос, нивните обиди за насилно преземање на власта пропадна, со што и нервозата во нивните редови се зголемува.  – вели новинарот Нонковиќ.

Нонковиќ додаде дека не стравува од ништо и никого, и дека по сите овие напади, на крајот ќе се “самозапалат како Монти Пајтон”.

Од МИМ информираат дека тие ќе ги преземат сите законски постапки како и ќе поведат дисциплинска постапка против Петрит Сараќини.

Информацијата ја проверивме и во полицијата. Од таму велт дека кај нив не бил пријавен физички напад од ниту едно од овие лица, ниту пак некој настан кој може да се поврзе со овој.

Нонковиќ пак изјави дека тој нема да пријавува во полиција, бидејќи според него, тоа би било само исполнување на нивната желба за правење на медиумска фама и сеење мрак во општеството.

Се уште немаме никаков став од Сараќини.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа