Атланта постави клупски рекорд

Екипата на Атланта со ноќешниот триумф над Феникс постави рекорд во својата клупска историја откако ја прослави 58.та победа во сезоната.

Претходно по 57.победи „јастребите“ постигнаа во сезоните 1986/87 и 1993/94.

Поразот на Феникс значеше дека и Далас избори место во плеј офот на Запад како седма екипа.

За одбележување е и вториот пораз по ред на Голден Стејт, совладани беа од Њу Орлеанс екипа која има шанса за плеј офот откако Оклахома Сити има серија од четири порази.

Во моментов Њу Орлеанс е пред Оклахома Сити.

Резултати: Атланта – Феникс 96:69, Мајами – Шарлот 105:100, Њу Орлеанс – Голден Стејт 103:100, Оклахома Сити – Сан Антонио 88:103, Сакраменто – Минесота 116:111 и ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 105:100.

Пласман Источна конференција: Атланта 58-19 (победи-порази), Кливленд 50-27, Чикаго 46-31, Торонто 45-32, Вашингтон 44-33, Милвоки 38-39, Бруклин 36-41, Бостон 36-42, Мајами 35-43, Индијана 34-43,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 63-15, Хјустон 53-24, Мемфис 52-25, Портланд 50-27, ЛА Клиперс 53-26, Сан Антонио 52-26, Далас 46-31, Њу Орлеанс 42-35, Оклахома Сити 42-36,... 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега