ВИДЕО: Утрехт на мечот против Ајакс играше со 12 играчи!

Несекојдневната грешка на судиите брзо беше исправена, па силите на теренот на мечот Утрехт – Ајакс повторно беа израмнети.

Ајакс изминатиот викенд одигра 1:1 на гостувањето кај Утрехт, со што практично ги загуби сите шанси во борбата за шампионскиот наслов во Холандија.

ПСВ има големи десет бодови предност, па тешко е да се верува дека ќе ја прокоцка оваа позитива до крајот на сезоната.

Дуелот помеѓу Утрехт и Ајакс ќе остане запаметен и по тоа што домаќинот во еден момент на теренот имаше 12 играчи.

Кон средината на првото полувреме напаѓачот на Утрехт Едуард Дуплан се повреди. На тренерот му се чинеше дека тој не може да го продолжи мечот, па реагираше со измена, а на местото на Дуплан го стави Томи Оар.

По неколку минути Дуплан, кој беше до аут линијата и му се укажуваше лекарска помош стана и на дозвола на судиите влезе на теренот. Многу брзо судиите забележаа дека Утрехт има играч повеќе, па реагираа објаснувајќи му на Дуплан дека е заменет и дека мора да ја напушти играта.

Фудбалерот помина без картон, бидејќи очигледно беше дека судијата направил превид.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега