„Гугл“ со новости- ќе нуди бесплатни роаминг разговори

Гугл планира да лансира сопствена мобилна служба, во рамките на која ќе понуди целосно бесплатен меѓународен роаминг за сите претплатници. За оваа цел интернет компанијата преговара со неколку телеком оператори, пренесува британски Телеграф.

И светските медиуми неодамна пишуваа дека компанијата сака да нуди телекомуникациски услуги под свое име. „Гугл“ нема да мора да гради сопствена инфраструктура од нула, туку ќе се потпре на веќе постоечките во сопственост на други оператори. 

Како што пренесува британскиот Телеграф, „Гугл“ веќе води преговори со компанија од Хонг Конг – Hutchison Whampoa Limited, која се занимава и со телекомуникации. Тие се сопственици на брендот „Three“, кој пласира мобилни услуги и на европскиот пазар.

Неофицијално се говори дека оваа компанија може да стане сопственик на O2 мобилниот оператор, што само ќе го прошири нивното влијание на пазарот. Според пишувањето на британскиот сервис, „Гугл“ сака да им овозможи на корисниците телефонирање, сурфање и праќање пораки без дополнителни трошоци, кога се наоѓаат на патување во други земји.

Засега не се знае, кога точно компанијата ќе стартува со новите услуги.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега