Нападнат автобусот на ПСЖ, за малку ќе настрадаше Ибрахимовиќ

Aвтобусот на Пари Сен Жермен синоќа беше нападнат од хулигани во Марсеј кои фрлаа тврди предмети. Едно топче за голф го скрши стаклото во близина каде што седеше Златан Ибрахимовиќ, кој за малку избегна повреда.

Раководството на парижаните го пријави инцидентот во полиција. Освен вознемиреност немаше други последиците по играчите на францускиот шампион.

ПСЖ на „Велодром“ синоќа во дербито на колот го победија домашниот Олимпик Марсеј со 3:2. 

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега