ВИДЕО: Цветковски распали по Дамјановски со обвинувања за криминал
По вчерашната прес конференција на Виктор Цветковски одржана пред Основен Суд – Куманово, секретарот на ГРОМ, денеска од партиските простории во Куманово се обрати до јавноста.
Политичката ситуација која ја наметна СДСМ предизвика голем немир кај граѓаните, и како поминува времето, така сите почнуваме да се запрашуваме која е вистината која ја објавува СДСМ, истакна Цветковски доавајќи: - Господине Дамјановски, велите дека никогаш нема да зборувате за чукче и оревче, и дека никогаш непринципиелно не сте побарале поддршка од мене. Каде е вашата принципиелност? Што одмрзнувавте и замрзнувавте, што двапати ме исклучивте од СДСМ, а за неполни два месеци, двапати баравте поддршка од мене, притоа заборавајќи ги сите погрдни зборови упатени кон мене од вашите кумчиња и кумашинчиња. Тоа ли е за вас принципиелно?
Тоа што е принципиелно за Цветковски би било обелоденување од страна на Дамјановски за тоа кој работел за него во вториот круг и зошто Цветковски се спротиставил на кандидатурата на Дамјановски. Вели дека кога Дамјановски зборува за фамилијарните врски, најверојатно тука мисли на старосватот на Дамјановски, инаку претседател на ОО на СДСМ, вработен во општината.
- Вашата вистина ќе излезе на виделина преку институциите на правдата и еднаш засекогаш ќе се побара ваша одговорност, вели Цветковски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа