Прва македонска конференција за мобилни апликации

Во Скопје денеска ќе се одржи првата македонска Конференција за мобилни апликации. MobileFirstMK е еднодневна конференција на која македонските ентузијасти и инженери за мобилни апликации првпат ќе имаат можност да го збогатат своето знаење од областа на развој на мобилни апликации. Ќе бидат разработени теми од сите аспекти на создавањето квалитетна апликација - од нејзиниот дизајн, самото програмирање и нејзиното претставување на пазарот. 

Предвидени се и излагања на домашни и странски предавачи, а присутните ќе имаат можност да учествуваат и на панел дискусија за новитетите и насоките во индустријата. 

Конференцијата ќе се одржи на Универзитетот ФОН, а е поддржан од хрватската софверска компанија FIVE. 

 

 

 

Оцени ја веста

04.04.2015 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега