Шефот на белгиската дипломатија Рејндерс во посета на Македонија

Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс, в понеделник ќе престојува во официјална посета на Македонија, на покана од шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

]Како што соопшти МНР, покрај средбата со неговиот домаќин Попоски, Рејндерс ќе биде примен од претседателот на државата Ѓорге Иванов, од премиерот Никола Груевски, а ќе одржи средба и со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.  

Посетата е во функција на поттикнување нови можности за билатерална соработка, како и соработка на мултилатерален план, наведуваат од МНР.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега