Важна вест за сите такси-возачи

Такси возачите од денеска до 15 април може да се пријавуваат за полагање испит по англиски јазик, соопшти Министерството за транспорт и врски. Испитот е бесплатен, а по неговото положување таксистите добиваат соодветен сертификат.

Согласно Законот за патен сообраќај, сертификатот ќе биде задолжителен од 1 јануари 2017 година.

- Сите авто такси возачи мора да имаат сертификат за познавање основен степен на англиски јазик. Сертификатот е воедно еден од условите за добивање лиценца за вршење авто такси превоз, потсетува Министерството. 

Пријавувањето на кандидатите ќе се врши на електронската пошта ispiti@mtc.gov.mk. Покрај пријавата која може да се најде на веб страницата на Министерството зa транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите треба да приложат и М1/М2 образец не постар од 60 дена, како и копија од лична карта.  

На конкурсот за полагање на испитот по англиски јазик може да се пријават само такси возачи вработени во лиценцирани авто такси компании. Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објевено на веб страницата на Министерството. 

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега