Русија лута поради „антируската кампања“ во САД

Русија денеска изрази револт поради, како што оцени, „жестоката антируска кампања“ на американските медиуми и политички аналитичари, со која се „зајакнува вербалната војна интензивирана со украинската криза“.  

- Протагонисти кои работат по налог на Вашингтон пишуваат русофобични клеветнички написи со кои се гради слика за Русија како за непријател и на обичните луѓе им се всадува омраза кон се што е руско, се наведува во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Русија.

Поради кризата во Украина односите меѓу Москва и Вашингтон се сведени на досега најниско ниво од завршувањето на Студената војна, при што двете земји се обвинуваат меѓусебно за водење информативна војна.    

Западот ја обвинува Русија дека ги поддржува проруските сепаратисти во Украина снабдувајќи ги со оружје и борци, додека Москва тврди дека западните земји го подготвиле планот за смена на украинскиот претседател Виктор Јанукович, кој уживаше руска поддршка. Двете страни ги негираат обвинувањата на нивна сметка.

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега