Пандов: Нема веќе дилема дека прислушкувале странски служби!

По креираните материјали кои ги објавува Зоран Заев, нема повеќе дилеми кој прислушкувал во Македонија, вели аналитичарот Александар Пандов во гостувањето на Канал 5 телевизија.

- Никој во Македонија нема дилема за тоа кој прислушкувал и кој бил цел на прислушкување. Парадоксот беше најголем кога слушнавме Влатко Мијалков, брат на Сашо Мијалков како со некој воопшто непознат човек прави разговор. Не само што нема смисла, туку само човек што е платен за тоа може така да размислува, рече Пандов.

Аналитичарот вели дека никој здраворазумен човек нема веќе дилема кој слушал и за какви потреби е слушано.

-Апсолутно е јасно дека платени луѓе од страна на Верушевски, во соработка со странска служба прислушкувале, а во државната безбедност. Сега последно слушаме дека петто осомничениот добил здрава пара, 200.000 евра од фондацијата СОРОС која е оворена поддршка или сијамски близнак на СДСМ, рече Пандов за Канал 5.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега