Иванов: Ова е тест за нашите институции

Сега е периодот кога сите институции треба да го покажат својот капацитет и подготвено да се справуваат со своите предизвици, истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во интервју за телевизија Сител, коментирајќи ги последните случувања во земјата.

- Ова е тест за нашите институции. Сега ќе го видиме судството колку ни е транспарентно, отворено и колку тоа може да се справува како неутрална институција со сето она што е покренато, кога зборуваме за случајот Пуч, и од она што е доставено од страна на опозицијата, за сите тие предмети. Но, јавноста треба да знае, едно е кога настапувате во јавност и изнесувате ставови и тоа е убаво и за кампања и за медиуми. Судството бара соочување со другата страна, со докази и на крај носење на пресуда која подлежи и на второстепена постапка, односно кога целиот правен систем веќе е во функција, рече претседателот Иванов.

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега