Лазански: Се е тоа договорено со Русите!

Мојот комшија Џуро директор на едно осигурително друштво, секој ден купува „Политика“, но ги прати и останатите медиуми, воглавно ништо не може да му промакне. Кога и да се сретнеме ќе ми постави прашање:

-        

Па до кога бе комшија?

-        

Што е сега проблемот Џуро

-        

До кога ќе се понижуваме?

-        

Кој се понижува?

-        

Еве весниците убаво пишуваат дека на меѓународната конференција за безбедност на новинарите, која во Белград ја организираше ОЕБС, никој од Србија не се побуни кога македонски новинар изјави дека не треба да се враќаме на убиството на 16 членови на РТС, убиени во НАТО бомбардирањето во 1999 година, затоа што биле дел од пропагандата на режимот на Милошевиќ. Никој од нашите ни да бекне, да стане во одбрана на жртвите, невините шминкери, техничари, монтажери, кои ни мравка не згазиле во животот, а се убиени на работното место.

-        

Не е така Џуро. Еве член на друштвената комора на Русија Максим Сергевиќ, праша зошто на конференцијата не се споменува убиството на 16 техничари и новинари на РТС?

-        

Тој Максим не е наш, а освен тоа модераторот на собирот, Соња Милинковиќ му одговори дека организаторот тоа не го направил заота што во деведесетите години во регионот гинеле и други новинари. Тоа е нечуено објаснување. 16 луѓе на РТС се убиени на работното место, среде ноќ, и додека конференцијата се одржува во Белград во Србија, никој ниту да спомене да каже нешто за тоа. Скандалозно е тоа мој комшија! Од кого тоа ние се плашиме? Од ОЕБС?

-        

Зошто би се плашеле од ОЕБС, а Џуро? Па нашиот министер господон Ивица Дачиќ е шеф на оваа уважена институција. Нема белким да се плашиме самите од себе?

-        

Па тогаш се плашиме од госпоѓата Дуња Мијатовиќ, која е претставничка на ОБСЕ, за слобода на медиумите, а која ја наведе Русија како една од „земјите“ во која се убиваат новинари. Како да во другите земји не се убуваат. Инаку комшија страшно ме интересира како тоа се станува претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите? Дали избраникот треба да биде добар новинар, да напише еден куп текстови, да некои од нив му ги цензурираат, а некои и да не му ги објават, па потоа да стане квалификуван за функцијата претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите?

-        

Не знам Џуро. Мене никојаш не ме викнале во тоа чесно друштво.

-        

Немој да се правиш наивен, никогаш нема ни да те викнат, но колку што можам да видам на „Википедија“ треба само да седиш со години во разни регулаторни тела во БиХ и така да станеш експерт за слобода на медиумите. И како тоа баш експерт за слобода на медиумите од цело ОБСЕ да доаѓа токму од БиХ?

-        

Во што е проблемот ако доаѓа од БиХ?

-        

Прерао определување или на време воочени факти се тоа што другарите Бранко Микулиќ и Тодо Куртовиќ биле најголеми бранители на нашиот печат? Можеби е тоа квалификација за функцијата во ОБСЕ?

-        

Ајде Џуро, не биди досадан, можеби госпоѓа Мијатовиќ напишала некои добри текстови во некои сериозни весници? Додуша јас и покрај најдобрата воља не можам да се сетам на ниту еден нејзин текст. Но се согласувам со тебе, а веќе ја навела Русија како една од земјите во кои се убиваат новинари, можела барем да ги спомене и убиените членови на РТС. Би било човечки, комшии сме.

-        

Комшија кога тоа би го навела, ќе ја снема од функцијата, отиде убавата плата, патувањата, луксузните хотели, кабинетите, донациите, се тоа ќе се иагуби. Кој би се откажал од тоа? Него гледам дека нас повторно не повика комесарот на ЕУ Јоханес Хан. Весниците пишуваат дека комесарот одоговрил на прашањата од членовите на ЕУ, извесниот Урмас Пает. Кој е бре тој Урмал Пает? Дали е вистина дека има плантажна во Тунис?

-        

Ајде Џуро, не сешегувај. Тој не не спомена поради воените вежби со Русите и бара да и уведеме санкции на Русија. Истото го бара и комесарот Хан.

-        

Комшија па до кога судбината на Србија ќе и ја одредуваат комесари? Јас мислев дека комесарите се веќе минато во Србија?

-        

Џуро овие комесари не се од миантото, ова се демократски комесари кои нас не водат во светла иднина.

-        

Чекај зошто комесар и тоа Урмас на кого му смета воената вежба со Русите? Па минатата година имавме околу 20 вежби со НАТО војниците, а само една или две со Русите. А воено сме неутрални. Каде е тука демократијата? Освен тоа комшија, ајде објасни ми мене зошто сме го потпишале тој ИПАП договор, со НАТО. Ако се тврди дека истиот е последица на законот за „Акт за превенција на руската агресија 2014“, за период од 2015 до 2017 година, кој го донесе Конгресот на САД во текот на украинската криза, во мај минатата година. Ние сме тука во друштво на Украина, Грузија, Молдавија, Азербејџан, БиХ, Косово Македонија и Црна Гора. Сега НАТО може да кружи околу Србија како сака, и да ја користи својата воена инфраструктура на Србија да има екстериторијален и дипломатски статус. Ако сме воено неутрални зошто немаме таков ист статус, и дали и Русите припадници на српско рускиот хуманитарен центар во Ниш? Ни ги гасеа пожарите ни ги спасуваа луѓето од поплавите. Дали некој во оваа земја е свесен што потпишал? Па утре нас Алнаците ќе ни бараат да ја стационираат нивната чета и војска во Буњовец или на Копаоник.

-        

Е гледаш Џуро. Како не ги разбураш работите. Нашите тоа убаво го осмислија, ќе ни дојде албанса војска, а ние веднаш нашата војска право во Приштина. Освен тоа сега можеме да ги испратиме нашите и во Чикаго, таму има многу Срби да ги заштитиме. Можеме и да испратиме офицери во супертајни американски бази, од каде се командуваат со нуклеарките. Да речеме во Офут во Небраска. И потоа се да им јавиме на браќата Руси. Не се секирај сето тоа е договорено со Русите.

 

-        

Џуро остана без текст....

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега