Македонските ракометари го победија Алжир

 

Машката ракометна репрезентација на Македонија со победа го почна својот настап на Медитеранските игри во трускиот град Мерсин. „Црвено-жолтитте“ денеска го победија Алжир со 27:26.

Стојанче Стоилов со седум погодоци, како и Филип Лазаров и Гоце Ојлески со по шест голови беа најзаслужни за триумфот на македонската селекција.

За разлика од мажите, ракометарките претрпеа убедлив пораз. Избраничките на Гино Стрезвски со 32:21 загубија од Словенија. Ова беше втор пораз во вториот настап на Игрите за Македонија, откако вчера загуби и од Хрватска. Елена Георгиевска беше најдобрата во македонската селекција со девет реализации. 

ФОТО: Кајгана

најчитано сега