Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за одбрана и безбедност, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

Единствена точка на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог - одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите Нации, УНИФИЛ во Либан, додека Комисијата за економски прашања ќе расправа за Предлог-законот за дополнување на Законот за техничка инспекција и за измените и дополнувањата на Законот за Државен пазарен инспекторат, двата во второ читање.

На дневен ред на Законодавно - правната комисија се измените и дополнувањата на Законот за лична карта и на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за техничка инспекција, сите во второ читање. 

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега