Цветков: Извештајот за штетите од поплавите следната недела во Брисел

Најголеми штети и загуби од поплавите што ја зафатија државата во текот на јануари и февруари претрпеа Могила и Новаци. Извештајот за штетите е подготвен и следната недела треба да биде презентиран во Брисел, рече министерот за земјодлество шумарство и водостопанство Михаил Цветков на денешната седница на македонското Собрание посветена на пратенички прашања.

Тој информира дека поплавите предизвикаа штети во 43 од вкупно 80 општини во РМ, беа погодени околу 170 илјади луѓе, а најпогодени се секторите земјоделство, наводнување, транспрот и домувањње. Погодени беа, додаде тој, сите категори на патишта и мостови магистрални, регионални и локални земјоделски површини, системи за наводнување и оводнување, објекти за домување, индустриски капацитети, здравствени домови, училишта и јавни установи.

Извештајот за брза проценка на штетите и потребите е подготвен согласно извештаите изготвени од општинските комисии за штети, како и од тим составен меѓу другите, од претставници на МЗШВ, странски експерт од Светска банка и домашен експерт ангажирани од страна на Светска банка.

- Брзата проценка на штетите од податоците коишто се дадени може да се види дека во земјоделството штетите и загубите се проценуваат на околу 13 милиони 672 илјади евра. Штетите на ситемите за наводнување и оводнување се проценуваат на 4 милиони 900 илјади евра. Штетите во секторот на транспорт на околу 3 милиони 900 илади евра. Во секторот за домување на околу 975 илајди евра. Од овие суми коишто ги кажав најповеќе штети се направени во течението на Црна Река и тоа штетите изнесуваат околу 19,6 милиони евра што претставува 81 отсто од вкупната проценета штета  од поплавите во РМ. Значи тие најповќе се направени во општините Могила и Новаци односно тоа се двете најпогодени општини со проценти штети на околу 14,4 милиони евра што претставува 59 посто од вкупните штети и загубите, информира Цветков. 

Тој додаде дека  веќе  од страна на Владата е формиран тим којшто ќе отиде во Брисел и ќе се види врз база на овој извештај, кој што е потвредено од страна на експерти од СБ, колку средства ќе добие Македонија и врз база на тоа ќе се види дополнително од кои средства ќе бидат наподополнети штетите во регионите кошто беа зафатени од поплавите

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега