Бугарија даде зелено светло за новиот команден центар на НАТО!

Бугарија вчера дозволи на нејзнината територија да биде отворен нов команден центар на НАТО, за да ја обезбеди источната граница преку тој сојуз против евентуална руска „агресија“,

Тоа е еден од шесте центри, кој ќе биде поставен во наредните година дена, со цел да создадат сили за брза интервенција од 5000 војници, како одговор на наводната руска акција во Украина.

Пет други нови командни центри треба да бидат отворени во Полска, Русија, Романија, и во балтичките земји.

Бугарија забрани да нејзниата војска делува под меѓународна команда, но парламентот денеска усвои амандман, кој ја отстрани ваквата препрека. Така половината од вработените во новиот центар во Софија ќе го чинат Бугари.

Заменик врховниот командант на НАТО во Европа, Адријан Бредшоу изјави во вторникот дека центарот ќе го координираат силите од различни земји, кои учествуваат на воени вежби во Бугарија, додавајќи дека центарот не е борбена единица, туку штаб.

За да избегнат претерана провокација од Москва, копнените трупи на новите сили ќе бидат стационирани на Запад, но ќе бидат способни за брзо распоредување по земјите од поранешниот источен блок, кои сега се членки на НАТО.

Новиот центар за врски на НАТО во местото Горна Малина, 20 километри источно од Софија, ќе биде отворен на крајот на оваа година, најави министерот за одбрана Николај Ненчев. НАТО поморскиот центар за размена на инфорамации кои се гради во Црното море во Варна, ќе биде отворен наредната година. Бугарија се приклучи на НАТО алијансата во 2004 година.

 

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега