Вашето дете може да биде придружба на репрезентативците на Македонија

Поддршката од фановите е најважна за спортистите, затоа фудбалската репрезентација на Македонија заедно со ФФМ деновиве активираше втора Фејсбук апликација во која сите љубители на фудбалот ќе можат да остават слика од своите деца, исто така фанови што навиваат за Македонија и да бидат избрани како придружба на македонските фудбалери во мечот со Австралија на 30 март на стадионот „Филип Втори“.

Сé што треба да направите е на Фејсбук страната на ФФМ да поставите слика од вашето дете како навива за Македонија и да бидете една од 26-те најлајкувани фотографии.

 

Во играта може да учествуваат фотографии од сите машки и женски деца, на возраст од 5 до 8 години, не повисоки од 140см, а најсреќните на 30 март ќе им бидат придружба на фудбалерите од Македонката репрезентација на натпреварот Македонија - Австралија.

 „Потребата за поддршка на професионалните фудбалери и на фудбалски фанови е неопходна, без разлика дали се работи за маалски фудбал или меч од национален карактер, затоа ние како Фудбалска Федерација сакаме и едните и другите да знаат дека делиме иста страст кон фудбалот, а со оваа Фејсбук апликација сакавме да им дадеме шанса на најмалите да почувствуваат како е да се биде пред огромна публика на стадион и со тоа да ги поттикнеме да се вљубат во фудбалот и во фудбалскиот терен.  А на нашите репрезентативци да им овозможиме внимание, восхит и љубов од оние најсикрените - децата" - изјави Филип Поповски, Генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.

 

 Апликацијата е активна, фотографирајте ги вашите деца со македонски дрес, знаме, капа или кој било друг симбол на Македонската Фудбалска репрезентација и поставете ги фотографиите на  https://www.facebook.com/FudbalskaReprezentacija

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега